Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го надополни првично објавениот список на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Откако станува се појасно дека Милевски нема да може да смета на Бобан Николов и Арјан Адеми донесена е одлука во репрезентативниот табор да се повика и фудбалерот на Хајдук Сплит, Јани Атанасов.
Атанасов ќе ја пополни празнината во средниот ред и ќе биде еден од неколкумината фудбалери кои ќе бидат освежување за националниот табор.
Милевски се реши да направи одредени промени во тимот по заминувањето во репрезентативна пeнзија на Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велкоски, но и да им испрати порака на дел од фудбалерите од чија форма не е задоволен.
Повратници во репрезентацијата се Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев и Стефан Ашковски, додека нови имиња се Бојан Миовски, Никола Серафимов и Тодор Тодороски.
Инаку,селекцијата на Македонија во краток период ќе одигра три компетитивни натпревар и и тоа против Ерменија (2. септември), Исланд (5. септември) и Романија (8. септември).