Денес ја примив во мојата канцеларија гостиварската ракометарка со меѓународна слава Сања Дабевска, која ги започна своите први чекори во клубот „Јехона“ во Гостивар, а сега бележи успеси во Грција, Унгарија, а неодамна и во Романија. Таа дојде во придружба на гостиварскиот ракометар, ветеранот Фахри Селмани, тренер на ракометниот клуб „Јехона“ од Гостивар, неуморен тренер на многу млади таленти, стои во Фејсбук статусот на Арбен Таравари.
Тој напиша дека ги охрабрува гостите да продолжат со своите успеси, додека Општина Гостивар и тој лично ќе бидат во целосна поддршка на младите спортисти.
– Благодарен што Дабевска ми го подари дресот со нејзиниот број, а со задоволство го примив и дресот на РК „Јехона“. Во знак на почит, на ракометарката Дабевска и подарив плакета со симболот на градот Гостивар, вели Таравари во неговата Фејсбук објава.