вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Почина мојата мајка“: Трагедија во домот на познатата водителка – безмилосната болест одзеде живот на здрава жена

„Почина мојата мајка“: Трагедија во домот на познатата водителка – безмилосната болест одзеде живот на здрава жена

Мајката на Нина Сеничар ја загуби битката што ја водеше против најтешката болест. Нина, која не ја откри на јавноста причината за нејзиниот неколкумесечен престој летово во Нови Сад, сега откри со што се соочи семејството, како и големата загуба што ја доживеала знаејќи дека нејзината мајка повеќе ја нема.

Манекенката и водителка која ја чуваше својата мајка во последните неколку месеци, додека медиумите се прашуваа која е причината за нејзиниот неколкумесечен престој во Србија, сега откри дека го доживеала најтешкиот удар во својот живот.

– Минатата недела, по голема седуммесечна борба, мајка ми почина. Мојата Славица е лавица. Се бореше како што живееше, со достоинство и храброст. Ракот зеде навидум совршено здрава 61-годишна жена за само неколку месеци. Решив да го споделам со вас само од една причина. Земете ја мајката / бабата / тетката / соседот / пријателката за рака и однесете ја на преглед на матката и градите. Една од пет жени добива тумор на матката и една од три добива тумор на дојка. Туморот може да расте со години без никакви симптоми и кога ќе почнат симптомите може да биде предоцна – напиша Нина и додаде:

– Ако „спасам“ една жена со ова, смртта на личноста што ја сакам најмногу на светот може да има малку повеќе смисла за мене. Почивај во мир мамо, ќе ни недостигаш засекогаш. Те сакам!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Најнови вести