вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луда ноќ околу Роналдо: Неговиот агент ја прелета цела Европа, еве што договори

Луда ноќ околу Роналдо: Неговиот агент ја прелета цела Европа, еве што договори

Кристијано Роналдо на 36 години е на прагот на уште еден почеток. По три години во Јувентус, заминува во Манчестер Сити. Вчера сите италијански медиуми јавијва дека е започната работата околу еден од најважните трансфери последниве години, а ноќта била бурна, но разботата завршена.

Во Англија преодниот рок трае до 31 август па договорот меѓу трите страни мора да се заврши за најмногу четири дена. Фабрицио Романо еден од најупатените новинари за трансфери, донесува новости околу трансферот во текот на целата ноќ:

„Роналдо официјално побарал од Јувентус да го продаде. Тоа е формалзирано и ги олеснува неговите најтојувања да го промени клубот“– пишува Романо.

„Суперагентот“ Хорхе Мендеш кој го застапува Роналдо по цел ден на многу тешки преговори со Јувентус во Торино, по застанувањето во Париз, продолжи во Порто.

Тоа му е попатна станица кон Манчестер каде ќе ја договори платата и премиите на Роналдо со идниот клуб. За Манечстер Сити да биде идниот клуб ќе мора на Јувентус да му исплати меѓу 28 и 30 милиони евра, открива Романо.

Мендеш во текот на ноќта започнал, а утринава продолжил да преговара за условите на Роналдо за договор со Сити. Во исто време Сити работи на тоа да се ослободи од некои играчи, како би го исчистил ростерот, но и буџетот за Роналдо.

Романо така наведува дека поради доаѓањето на Роналдо до клубот може да замине Рахим Стерлинг, еден од клучните играчи на англискиот шампион. Габриел Хесус пак нема да замине, бидејќи Гвардиола кажал дека му е потребен.

Последните информации врзани за овој сензационален трансфер се дека Јувентус во наредните неколку часа очекуваат официјална понуда од Манчестер Сити, по што би требало работата да биде завршена.

Романо открива дека Роналдо во Сити нема да прима толку висока плата како во Јувентус, каде заработуваше 31 милиони евра годишно.