Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК, Акис Цохаѕопулос почина на 82-годишна, додека беше на лекување во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми Цохаѕопулос починал од срцев удар, а во изминатите години се соочуваше со сериозни здравствени проблеми.
Во периодот од 1981 до 2004 година беше на функција во неколку министерства меѓу кои и она за внатрешни работи, за транспорт и врски, за одбрана, а неговото име се споменуваше во скандали во Грција.
Во април 2012 година беше уапсен за перење пари, а неколку месеци подоцна беше осуден на 20 годишна затворска казна.
Пред три години, во јули 2018 година, Цохаѕопулос, повикувајќи се на здравствени проблеми, беше пуштен од затвор.