Францускиот тренер Арсен Венгер уште еднаш ја коментираше темата за неговата иднина. Долгогодишниот тренер на Арсенал изјави дека се уште е во шок и не знае дали ќе ја продолжи кариерата на менаџер, пренесе „Скај спортс“.
– Едноставно е премногу рано за да знам каков ќе биде мојот следен потег. Уште не сум си го испразнил бирото. Се уште сум во шок, рече Венгер.
Тој го одреди датумот 14 јуни, ден пред почетокот на Светското првенство, за да донесе одлука.
– Прашањето е дали сакам да бидам тренер или е време за различна позиција. Можам само да кажам дека сакам да бидам тренер, но, сепак, не можам да потврдам сигурно, додаде Французинот.