Селекторот на Македонија, Благоја Милевски доби одлични вести и Николов навреме ќе му се приклучи во составот пред првиот собир на репрезентативците.
Николов за краток период ги надмина проблемите со ковид-19, па така ќе може да му помогне на Милевски и неговите сонародници во борбата против Ерменија, Исланд и Романија.
За 2 септември е закажан мечот против Ерменија во Скопје, по што следи пресметка против Исланд на 5 септември, додека на 8 септември се игра натпреварот против Романија.