вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Шилегов да каже како со чиновничка плата стаса до речиси нова луксузна куќа од 306м2 среде Скопје?“

„Шилегов да каже како со чиновничка плата стаса до речиси нова луксузна куќа од 306м2 среде Скопје?“

Шилегов да каже како со чиновничка плата стаса до речиси нова луксузна куќа од 306м2 среде Скопје?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека граѓаните осиромашуваат и фирми се затвораат Петре Шилегов ја реновира својата 306м2 речиси нова луксузна куќа во Карпош. Народ останува без работа и нема пари да преживее, а Шилегов реновира луксузна куќа. И тоа не е се. Во текот на овој мандат Шилегов се поднови и со луксузна хациенда во Маврово со огромен двор, која како што пишал во неговиот анкетен лист вреди 55.000 евра. Во текот на еден мандат Шилегов акумилирал имот кој некој цел живот не може да го стекне. Шилегов својот мандат во октомври ќе го заврши со 4 стана во Скопје, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како народот работи цел живот за свој дом, а Шилегов има имот од близу 2 милиони евра? Време е за одговори и одговорност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести