среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо пуштање на далекуводот Битола-Елбасан во употреба, денес од Заев имаме предизборен циркус каде главен збор е „ќе“

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо пуштање на далекуводот Битола-Елбасан  во употреба, денес од Заев имаме предизборен циркус каде главен збор е „ќе“

Денешнава објава на настан за поставување камен темелник за изградба на 400 kV далекувод Битола-Елбасан е очајнички обид на власта да прикаже дека нешто работи. Впрочем, пред секои избори Владата на СДСМ организира настани, прави некакви увиди или потпишува разни меморандуми за разбирање или договори за соработка или кусо кажано сее ветер и магла, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кредитот од ЕБОР обезбеден на крајот од далечната 2015 година во време на ВМРО -ДПМНЕ денес требаше да резултира со пуштање на далекуводот во погон и изградена 400 kV трафостаница во Охрид, со што ќе беше завршен коридорот Исток-Запад од енергетски аспект, ќе беа подобрени напонските прилики во југозападниот регион на државата, ќе се зголемеше сигурноста и доверливоста на системот и ќе се овозможеше зголемен транзит на електрична енергија. Наместо тоа, денес имаме предизборен циркус каде главен збор е “ќе” и сликање со кое ќе не занимаваат во предизборниов период преку провладините медиуми. Со проектот се доцни повеќе години што укажува на неспособноста на СДСМ да создава нови вредности за доброто на граѓаните и државата. До изборите ќе гледаме уште многу слични настани, некакви увиди во работењето и слични измислици, но веќе е доцна. Прочитани се и народот нема да подлегне на вакви трикови на овие неработници, велат од партијата.

Од таму додаваат дека промените неминовно доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ има тим кој знае како се гради и создава нова вредност за развој на државата и благодет за сите граѓани. Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести