среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Газдата ми даде време, но јас не сакам многу време, сакам да го забрзам процесот за враќање на Рома

Мурињо: Газдата ми даде време, но јас не сакам многу време, сакам да го забрзам процесот за враќање на Рома

Жозе Мурињо вели дека тој не е тренер кој сака полека да ги движи работите, туку сака што побрзо да и донесе успех на Рома.

Мурињо има идеален старт на клупата на Рома, победи на сите четири официјални натпревари досега. Сезоната во Серија А ја стартуваше со две победи и има гол разлика од 7-1.

Ваквиот старт ветува добра сезона, но натпреварите конкурентите за врвот допрва доаѓаат. Целта на Рома би требало да биде пласман во Лигата на шампионите.

Мурињо вели дека има време за мирно да работи на проектот, но тој не е човек кој може мирно и полека да работи, туку сака да го забрза процесот за враќање на Рома при врвот.

„Среќен сум што се вратив во Италија, со клуб кој има вистински фанови, со луѓе кој ја чувствуваат пасијата која ја знаеме. Ми беше потребно повторно да го добијам ова чувство“, вели Мурињо.

„Можам да кажам дека клучниот збор кој го користеше Фриедкинс беше „време“ и можете да бидете смирен кога знаете дека имате време да ја завршите работата. Но јас не сакам многу време или да бидам премногу смирен. Тоа против мојата природа! Сакам да го забрзам процесот“.

„Кога ќе погледнам на клупата, чувствувам дека ни треба повеќе искуство, и дека има има посилни состави од нашиот, но јас сум неверојатно среќен со работата од овие момци и кога ќе играме против поголеми клубови ќе играме за да победиме“.

„Можеби нема да можеме да го правиме тоа секогаш, но нашиот менталитет не смее да се менува во зависност од противнкот. Кога ќе излеземе на теренот, мора секогаш да целиме на победа“.