Ова лето ќе остане запаметено во фудбалската историја, бидејќи во ист преоден рок дојде до трансфер на двете најголеми ѕвезди на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Аргентинецот замина од Барселона како слободен агент во ПСЖ, додека Португалецот се врати во Манчестер Јунајтед. Ако Меси немаше многу избор и бргу се договори со парижани, пред Роналдо беа неколку реални опции.
Манчестер Јунајтед влета од сенка, бргу ги договори сите детали и го „украде“ веќе планираното засилување за Манчестер Сити кој се споменуваше како идна дестинација на Кристијано.
Сепак, денес на популарниот каталонски медиум „Радио Каталуња“ се појави информација дека Жорге Мендеш го понудил Кристијано Роналдо на Барселона. Според кажаното, клубот веднаш ја одбил таа можност, поради фактот дека можеше да настане хаос по заминувањето на Меси, да пристигне Роналдо.
🔥 CRISTIANO RONALDO S'HA OFERT AL BARÇA
➡️ Aquest estiu, el futbolista, a través dels seus agents, ha estat ofert al Barça. El club blaugrana va descartar ràpidament aquesta opció, via @rsalmurri https://t.co/aJHcgBxk5a pic.twitter.com/5iJo7Dz2Fq
— Tot costa (@totcosta) August 30, 2021
Иако тоа би било предавство за Реал Мадрид, Роналдо беше пред трансфер во Манчестер Сити, а се разви и се прослави во Јунајтед каде што сепак заврши. Овој трансфер период беше луд, имаше секакви можности и шпекулации, па така и оваа не треба да изненади…