вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Навивач праша и доби одговор- Пјаниќ откри каде сака да ја продолжи кариерата

ФОТО: Навивач праша и доби одговор- Пјаниќ откри каде сака да ја продолжи кариерата

30 годишниот Миралем Пјаниќ и понатаму е на списокот играчи од кои Барселона сака да се ослободи како би се ослободила од неговата плата, но и покрај некои знаци дека играчот од средниот ред би можел да продолжи во Јувентус, засега поместување нема.

Пјаниќ е очаен и не добива шанса кај Роналд Куман во Барселона. Неговата желба е да се врати во Јувентус, но ни таму нема место за него. Арон Ремзи и Вестон МекКени се на неговата позиција, а Јувентус не успева да продаде ниту еден од нив.

Еден од навивачите на Инстаграм го праша Пјаниќ дали се враќа во Јувентус.

„Навистина би сакал да се вратам, но не сум сигурен дали постои можност за тоа“– му одговори Пјаниќ на навивачот.

Пјаниќ во Барселона дојде минатата година во трансфер кој изнесувал 60 милиони евра, но не се наметна кај Роналд Куман. Се пишуваше дека Барселона е подготвена да го пушти без отштета, како би заштедела на неговата плата, но Пјаниќ се уште не го промени клубот.