вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фердинанд: Бруно не смее да му дозволи на Роналдо едно нешто

Фердинанд: Бруно не смее да му дозволи на Роналдо едно нешто

Кристијано Роналдо и официјално се врати во Манчестер Јунајтед кој го претстави на своите социјални мрежи.

Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ за 25 милиони евра плус бонуси, а истиот износ треба да го заработува во Јунајтед по сезона.

Неговото враќање во клубот во кој беше од 2003 до 2009 година предизвика еуфорија кај навивачите кои веруваат дека тој е токму она што му недостасува на клубот за повторно да се бори за трофеи.

Пристигнувањето на Роналдо сигурно драстично ќе влијае на тимот на Јунајтед. Ќе има се помалку простор за Марсијал и младиот Мејсон Гринвуд кој постојано се подобрува, а легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека на Португалецот не треба да му се даваат сите овластувања.

“Сигурен сум дека Бруно Фернандеш ќе му ги препушти пеналите, но не ите слободни удари. Мислам дека тој ќе остане изведувач на слободни удари околу шеснаесетникот и така треба да биде, бидејќи тој е многу опасен од нив. Сигурен сум дека Бруно гледа поголема слика и ќе жртвува се за крајната цел. Ако тоа значи помалку од неговите голови и освојување повеќе трофеи, сигурен сум дека ќе го прифати тоа “, рече Фердинанд.

Кристијано Роналдо постигна само еден гол од последните 70 обиди за слободен удар. Додека беше во Јувентус, тој постигна 27 од 32 пенали. Неговиот репрезентативен колега и сега клупски соиграч постигна два гола од слободен удар за Јунајтед, а промаши само еден од 22 -те пенали што ги изведе.