четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чувствувал тоа

Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чувствувал тоа

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ се враќа во репрезентацијата на Македонија.

Селекторот Благоја Милевски верува во корпулетниот фудбалер и ќе му даде шанса во септемвриските три натпревари од мундијалските квалификации.

Фудбалерот не го криеше задоволството што пак ќе заигра за македонсата репрезнтација.

„Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам да се враќам назад. Повикот ме радува и среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Мило ми е што сум со една квалитетна и добра репрезентација. Се надевам дека ќе се адаптираме. Сите ги познавам. Се е до нас. Само треба да покажеме квалитет на терен. Мора да одиме од меч во меч, сега се подготвуваме за Ерменија. Направивме добра анализа. Тој меч треба најпрво да го одиграме како што треба. Потоа ќе размислуваме за следниот меч со Исланд. Овие три меча се многу наближени, во седум-осум дена. Ќе биде многу интензивно, но сите ние сме добри играчи, не за џабе сме во репрезентацијата. Се надевам дека со добри резултати ќе ја израдуваме нашата држава и ќе бидеме сериозни кандидати за место на СП“, изјави Јаховиќ.