четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Македонија сите ја гледаат со други очи по ЕП

Ристовски: Македонија сите ја гледаат со други очи по ЕП

Капитенската лента по Горан Пандев ќе продолжи да ја носи Стефан Ристовски Во пресрет на утрешната средба со Ерменија во рамките на квалификациите за Светското првенство, новиот капитен на Македонија пред сè се заблагодари на Горан Пандев. Покрај тоа, најави дека ќе даде максимум во новата улога, а се осврна и на самите натпревари.

„Пред сè сакам да се заблагодарам на капитенот Горан Пандев кој многу направи за оваа репрезентација и треба да биде пример на сите како треба да играме за Македонија. Се надевам ќе успееме да го испратиме како што доликува за играч од негов калибар. Огромна чест е што сум капитен на генерацијата, благодарност до селекторот што ми ја укажа таа доверба. Би се израдувал уште повеќе, ако сите бидеме условно кажано капитени. Треба да покажеме како се носи овој дрес, како на терен така и надвор мора да бидеме пример. Ќе дадеме максимум за репрезентацијата. Веројатно соиграчите ме почитуваат, но јас веќе кажав. Постарите мора да сме пример на генерацијата, сите заедно. На сите прашања мора да се одговори на теренот. Јас како капитен, можам да ветам дека ќе дадам максимум за оваа генерација.

Фудбалот дојде до тоа дека нема многу време за мислење. Имаме доста промени во тимот, но ние сме професионалци. Ќе продолжиме каде што застаневме. Се надевам на добар резултат со Ерменија. Македонија сите ја гледаат со други очи, без разлика на промените во тимот. Доаѓаме од едно Европско првенство, без разлика на резултатите. Сметам дека мора да се однесуваме така, да се цениме и да гледаме напред. Европското мора да е голем поттик за понатаму, за да дојдеме до нови големи победи и остварувања“, изјави Ристовски.