Газета Дело Спорт го анализираше „однесувањето“ на Јувентус на трансфер пазарот, со продажбата на Роналдо заштеди многу, а следното лето сака да ги потпише напаѓачите од ПСЖ и Фиорентина.
Јувентус не се откажа од Мауро Икарди и Душан Влаховиќ, беше внимателен во овој преоден рок, а јасно е дека следното лето овие двајца се приоритет на клубот.
„Старата дама“ искусно делуваше на трансфер пазарот, го врати Моисе Кин, го има Локатели, а следното лето и два нови приоритети.