четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ИХФ одлучи: Машкото СП во ракомет во 2023 година во Полска и во Шведска

ИХФ одлучи: Машкото СП во ракомет во 2023 година во Полска и во Шведска

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција.

Шведски градови домаќини на Мундијалот од 11 до 29 јануари во 2023 година се очекува да бидат Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристијанстад и Јончепинг, додека градови во Полска ќе бидат одредени оваа есен.

Финалето треба да се одржи во „Теле2 Арена“ во Стокхолм, чиј капацитет е 20.000 гледачи, додека ждрепката за формирање на групите ќе биде во Полска во јануари догодина.

На ракометниот Мундијал ќе настапат 32 репрезентации, а домаќините и бранителот на трофејот Данска веќе имаат обезбеден настап.

Полска за првпат ќе биде домаќин на СП во ракомет, додека Шведска по петти пат.