Продолжија европските квалификации за пласман на следното Светско првенство, Португалија многу потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога, на домашен терен против Ирска славеше со 2:1.
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо до стартот на овој меч имаше 109 голови за националната селекција, колку и пензионираниот ирански напаѓач, Али Даеи.
Новиот играч на Манчестер јунајтед можеше да се прослави уште во 15 минута за нов светски рекорд како најдобар стрелец во историјата на една репрезентација, но не ја искористи шансата, односно неговиот удар го одбрани Базуну.
Казната стигна пред крајот на првото полувреме (45`) кога мрежата на Патрисио ја затресе членот на Шефилд јунајтед, Иган. Со сите сили домаќините одеа кон избегнување на поразот, а за тоа се погрижи, кој друг, ако не Роналдо.
Најпрвин постави нов светски рекорд во 89 минута за израмнување, за негов 110 погодок за селекцијата на Португалија.
🇵🇹 All-time top international scorer Cristiano Ronaldo has 111 goals in 180 games for Portugal 🔝#WCQ pic.twitter.com/G3XItWOiEe
— European Qualifiers (@EURO2020) September 1, 2021
Имаше уште пет минути судиско надополнување, во 96 минута Роналдо донесе голема радост на трибините за вкупно трета победа во овој циклус. Севкупно досега има 111 голови во 180 настапи за најдобрата португалска репрезентација.
Во истата група Луксембург стигна и до втората победа откако дома со 2:1 славеше против Азербејџан. Моментно на табелата води Португалија со 10 бодови, Србија има седум, Луксембург шест, Ирска и Азербејџан немаат ниту еден.
Квалификации СП 2022, резултати –
Данска – Шкотска 2:0
Фарски Острови – Израел 0:4
Франција – Босна и Херцеговина 1:1
Летонија – Гибралтар 3:1
Малта – Кипар 3:0
Норвешка – Холандија 1:1
Русија – Хрватска 0:0
Словенија – Словачка 1:1
Турција – Црна Гора 2:2
Молдавија – Австрија 0:1
Фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM