Долгодишниот член на Реал Мадрид, Карим Бензема е убеден дека неговиот сонародник Килијан Мбапе ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Килијан веќе неколку сезони е на мета на „кралевите“ кои беа најконкретни за него во текот на овој преоден рок во кој испратија неколку супер богати понуди за него, меѓутоа ПСЖ не сакаше да попушти и покрај тоа што знае дека во 2022 година може да го загуби без да заработи ниту едно евро.
-Тој е играч кој еден или друг ден ќе игра за Реал. Добро се согласуваме и би сакал веќе да го имав со мене во Мадрид, -порача Бензема по дулеот со Босна и Херцеговина на кој Франција освои само бод (1-1).
Ова е втора изјава на Карим во кратко време во кое зборува за Килијан и преселбата во Мадрид.
-Не знам што ќе се случи со неговата иднина, ама Мбапе е добредојден во Реал. Тој е играч со квалитети да биде играч на Реал во иднина, -рече пред неколку денови искусниот голгетер.