четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе веднаш го „олади“ Реал Мадрид: Ако го сакате Халанд, заборавете на мене!

Мбапе веднаш го „олади“ Реал Мадрид: Ако го сакате Халанд, заборавете на мене!

Само неколку часа по објавата на веста дека Реал Мадрид планира напад од соништата од следната сезона, во кој би се нашле Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, веднаш стигна демант на ваквата можност и тоа од – францускиот репрезентативец.

Фудбалерот на ПСЖ не крие дека по секоја цена сака да заигра за „кралевите“ поради што не потпишува нов договор, кој му завршува на крајот од сезоната, но очигледно не сака да има речиси рамноправна конкуренција во нападот.

„Мбапе го предупреди Реал Мадрид да го заборават ако решат да го донесат и Ерлинг Халанд“, тврди шпанскиот новинар Алберт Лесан.

Цената на Халанд следното лето е 70 милиони евра, која тимот од Мадрид со задоволство би ја платил таа сума, но без да знаат дека Мбапе и Норвежанецот воопшто не се сакаат.