петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Штипјанец веднаш однесен во затвор, еве што направил

Штипјанец веднаш однесен во затвор, еве што направил

На 01.09.2021 во Штип, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Штип го приведоа Т.З.(43) од Штип за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“.

При преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело „кражба“ извршена  околу 10.00 часот од продавница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип.

Украдените предмети биле вратени на сопственикот.

Т.З. бил спроведен до Казнено – поправната установа Затвор Струмица.