понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Убедлив пораз за македонските млади фудбалери на гостувањето кај Франција

Убедлив пораз за македонските млади фудбалери на гостувањето кај Франција

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва загуби од соодветната селекција на Франција со 3:0.

Дуелот во Ле Ман беше прв за двете репрезентации во квалификациите за Европското првенство 2023.

Головите ги постигнаа Натаниел Мбуку во 26. минута, Едуардо Камавинга во 50. и Пјер Калулу во 89. минута.

На првиот денешен натпревар од Х-групата Ерменија ги совлада Фарските Острови со 2:0.  (МИА)