Нашата фудбалска репрезентација натпреварот со Исланд го игра на гости во недела, а веќе се познати судиите кои ќе делат правдата на мечот во Рејкавиќ.
Главен судија ќе биде Иван Кружлиак од Словачка, а ќе му помагаат сонародниците Бранислав Ханцко и Јан Позор. додека Филип Глова е назначен за четврти судија.
Во ВАР-собата ќе бидат Павел Рачковски и Даниел Стефански од Полска, кои ќе добијат помош од Мартин Ингварсон од Шведска и Михаел Шафрот од Швајцарија.
Дуелот со Исланд го играме в недела со почеток од 18:00 часот и ќе биде петти во овие квалификации во кои до сега имаме две победи, еден пораз и едно реми.