Пожарот на Галичица беснее 7-8 дена, веќе од денес ја зафати и шумата , исто толку дена ни хеликоптер, а ни било каква друга помош нема, па дури ни јасен и цврст став околу цела ситуација, обвинува Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид.
Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:
Стојанче, Влада, локална и сите останати институции во Македонија:
7-8 дена пожарот на Галичица беснее, веќе од денес ја зафати и шумата , исто толку дена ни хеликоптер, а ни било каква друга помош нема, па дури ни јасен и цврст став околу цела ситуација!
исто толку дена безброј граѓани испраќаат слики и апел до надлежните сериозно да ја сфатат работата‼
Ако чекате дожд да заврнит секоја ви чест!
Срамота и греота е ваквиот однос према ваква природна катастрофа, ИНДОЛЕНТЕН е мал збор!
Затоа постојат институции, за секој навремено да си ја заврши својата работа, ако воопшто си ја врши…
Тотална негрижа и незаинтересираност
Брука, срам и арам!