среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Од готово-вересија, Македонија прокоцка водство од два гола и освои само бод против Исланд

Од готово-вересија, Македонија прокоцка водство од два гола и освои само бод против Исланд

Македонската фудбалска репрезентација имаше голема победа во раце во Рејкјавик, ама наместо сигурен и лесен триумф, црвено-жолтите прокоцкаа се што градеа цели 78 минути и двата гола предност, за на крај од Исланд да донесат само бод  во петтото коло во мундијалските квалификации за пласман на СП 2022 и одиграа 2-2.

Невидениот пад во 78-та минута кога Исланд од никаква шанса успеа да намали на 1-2 (Инге Бјарнасон) поради заспаната одбрана по несигурната одбрана од слободен удар на Столе Димитриевски комплетно го свртеа мечот во поинаков тек, па пет минути потоа Исланд успеа ѝ да израмни преку Анге Гудјонсен за конечни 2-2.

Македонија може да жали што не победи и не се израмни со Ерменија, која вечерва има тешко гостување кај фаворитот Германија, зашто се одеше во наша корист откако Дарко Велковски го отвори мечот по корнерот на Езџјан Алиоски во 11-та минута, па после низа шанси, Алиоски со соло акција во 55-та погоди за 2-0 и веќе како да се назираше големиот триумф.

Пред да израмнат Александар Трајковски погоди статива, а потоа во 94-та Дарко Чурлинов имаше извонредна шанса, која Инге Брајнарсон спаси на гол-линија, а минута потоа Адис Јаховиќ со глава по корнер биеше само крај голот

Македонија со ова реми сега има осум бода од пет кола, Ерменија е прва со 10 пред Германија со 9, кои вечерва играат меѓу себе, а Романија со шест и меч со Лихтенштајн сега има шанса да нѐ прескокне.