Исланд успеа да спаси бод во завршницата од мечот со Македонија. Нашата репрезентација водеше со 0-2, но на крај дозволи да прими два гола во завршницата и си замина незадоволна од Рејкјавик.
Биркир Бјарнасон одигра јубилеен 100. меч во дресот на исландската селекција. По мечот рече дека неговиот тим не беше далеку од трите бода.
„Воопшто не бевме задоволни од првото полувреме, одигравме разочарувачки. Но, чувствував дека во продолжението покажавме карактер и штета што не завршивме како што посакувавме. Не беше доволно добар почетокот, не бевме доволно паметни во нашата игра. Но, покажавме карактер, се вративме и не бевме многу далеку од земање на сите три бода“ , рече исландскиот фудбалер.