четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија светски рекордер, убедливи победи на Шпанија, Полска и Белгија

Италија светски рекордер, убедливи победи на Шпанија, Полска и Белгија

Фудбалската репрезентација на Белгија славеше над Чешка со 3-0) и направи нов чекор кон пласман на Светското првенство во Катар.

Лукаку во раната фаза го отвори резултатот, а Еден Азар пред паузата ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот белгиската репрезентација доминираше и добриот настап го зачини со трет погодок во гостинската мрежа.

Убедлива на домашен терен беше и Шпанија во дуелот со Грузија која ја победи со  5-0.

Жоржињо промаши пенал и пропушти можност да донесе триумф на Италија кај Швајцарија. Со ремито од 0-0, европскиот првак постави светски рекорд и застана пред Бразил, со 36 меча во низа без пораз.

Полска на гости кај Сан Марино победи со 7-1, додека Грција во финишот испушти победа над Косово од  (1-1).