петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Со коронавирус се заразени деца од неколку училишта, Филипче вели дека ризикот е минимален

Со коронавирус се заразени деца од неколку училишта, Филипче вели дека ризикот е минимален

Деца од неколку училишта се заразени со коронавирус, но министерот за здравство вели дека ризикот е минимален.

-Протоколите во училиштата се направени по принципи за да се спречи ширењето на вирусот. Овие бројки кои сега ги имаме укажуваат дека мал број на учениците се заболени. До крајот на минатат недела има информација дека во 4 скопски општини, во по две училишта има заболено  по едно дете со мал број на контакти, денес има регистрирано едно дете во Велес и уште едно во Скопје. Навистина е мал бројот на деца кои заболеле. Ризикот е минимален, практично  ако се почитуваат протоколите децата се безбедни, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче рече дека од среда ќе се укине препораката за онлајн настава за средношколците во Струга и во Кичево, а уште една недела во сила останува препораката за Тетово и за Гостивар.

Најнови вести