понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Преполовени водостоите на повеќето реки, Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум

Преполовени водостоите на повеќето реки, Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум

Драстичен пад на водостоите бележат повеќето реки во земјава. Според денешните хидролошки мерења, над просекот за август се само Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево.

Само Црна кај Новаци е на исто ниво како просечното за септември, а релативно блиску до просекот е и Пчиња кај Катлановска Бања. Останатите реки се или преполовени или намалени за три пати.

Водостојот на Преспанско Езеро е ист како вчера – седум сантиметри под апсолутниот минимум, а на Охридското во однос на септемврискиот просек е намалено за 12 сантиметри, додека во однос на вчерашниот ден покажува снижување за еден сантиметар.

Најнови вести