вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Почина француски фудбалер, 39 години бил во кома поради лекарска грешка

Почина француски фудбалер, 39 години бил во кома поради лекарска грешка

Поранешниот француски фудбалер Жан Пјер Адамс починал на 73 години, откако полни 39 години бил во кома.

Адамс во 1982-ра година поради грешка на анестезиологот во текот на операција на коленото паднал во кома и повеќе не се разбудил.

Тој ден во Франција штрајкувале медицинските работници и анестезиологот кој бил на смена во еден момент водел осум операции.

Кај Адамс ја погрешил дозата и тоа оставило трајни последици, а кои дури по 39 години подоцна завршиле со смрт.

За репрезентацијата на Франција тој одиграл 22 меча, а настапувал за Пари Сен Жермен, и најголем дел од кариерата во Ница.