Пејачката Северина (49) повторно е со својот син, кој во последните 20 месеци живееше со неговиот татко, претприемачот Милан Поповиќ.
Откако судот во Сплит го додели заедничкото старателство, нејзиниот адвокат Мате Матиќ ни потврди дека момчето ќе живее со својата мајка, и беше напишано дека треба да дојде кај неа за викенд.
Ова се покажа како вистина бидејќи Северина сега е фотографирана како го зема својот син во училиште во Загреб. Скоцкана и очигледно доста возбудена поради враќањето на своето единствено дете, таа воопшто не обрнуваше внимание на папарацото и фотографиите, туку со своите пријателкии брзаше по улицата кон училиштето.