Во денешното гостување во „Анализа 24“ во Телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во врска со реконструкцијата на куќата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој денеска рече дека тоа се’ е легално, Мицкоски истакна дека Петре Шилегов не ја кажува вистината за неговата дивоградба, а времето на одговори ќе дојде.
-Суштинската разлика е помеѓу тоа што има разлика помеѓу надградба, доградба и реконструкција и токму тоа што Петре Шилегов го гради е надградба, вели Мицкоски.
Тој појасни дека има суштинска разлика, има разлика помеѓу надградба, доградба и реконструкција, но тоа не значи дека тој требал да крене уште еден спрат, и токму тоа е надградба, за што има посебна процедура.
-Ако е тоа вцртано во Урбанистичкиот план дека таму треба да биде висината десет метри, а висината на моменталниот објект е седум метри, тогаш вие си поднесувате проект во општината или во надлежната институција добивате за тоа соодветно одобрение, ви ги пресметуваат комуналиите и вие си плаќате за тоа колку чини и вие си стартувате со градба. Тоа е она што сака да каже Наум Стоилковски и тоа е вистината, рече Мицкоски.
Тој вели дека реконструкција е нешто друго, реконструкција јас можеби реконструирам нешто внатре и можам да добијам одобрение за градба, односно измена на тој проект којшто предходно сум добил дозвола и сум го изградил со тоа одобрение за градба, и тоа е разликата, посочи Мицкоски.