вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев се огласи од Тетово: Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи

Заев се огласи од Тетово: Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи

Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар.  Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе, напиша премиерот Зоран Заев вечерва од Тетово.

„Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.

Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово“ – пишува Заев.

Најнови вести