среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден го избра Ли Волоски за помошник при преселбата на бегалците

Бајден го избра Ли Волоски за помошник при преселбата на бегалците

Американскиот претседател Џо Бајден го избра дипломатот, ветеран, Ли Волоски, за да помогне при координирањето на преселувањето на бегалците од Авганистан, изјави официјален претставник на американската администрација.

Волоски ќе служи во канцеларијата на советници во Белата куќа и ќе работи со претставници на Советот за национална безбедност и други највисоки асистенти во администрацијата за да обезбеди правна експертиза за прашањата за преселување, истакна официјалниот претставник, кој побарал да остане анонимен.

САД евакуираа десетици илјади Авганистанци од нивната земја за време на повлекувањето од таа држава по 20-годишна војна, а избрзаното повлекување предизвика остри критики, наведуваат западните медиуми.

Воловски претходно беше специјален пратеник на тогашниот американски претседател Барак Обама во неговите напори да го затвори американскиот воен затвор во Гвантанамо, Куба. Таа функција ја извршуваше од јули 2015 до јануари 2017 година.