На 08.09.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Б.(46) од Скопје, кој се барал по потерница, за доиздржување на казна затвор од 4 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 131 став 1 и член 237 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.