петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се врати на „Олд трафорд“ за да освојува трофеи: Годините не ми се проблем, јас не сум како другите…

Роналдо се врати на „Олд трафорд“ за да освојува трофеи: Годините не ми се проблем, јас не сум како другите…

Кристијано Роналдо по 12 години повторно се врати во Манчестер јунајтед откако во финишот од летниот преоден рок побара да му биде дозволено да го напушти Јувентус.

Изборот падна на тимот од „Олд трафорд“ за кого настапуваше од 2003 до 2009 година, а Португалецот сега вели дека не се врати во Јунајтед на одмор, туку за да освојува трофеи. Тој смета дека и максимално подготвен и ќе докаже дека неговите години не се пречка да игра на највисоко ниво.

Португалецот потпиша двегодишен договор и според многумина тој треба да биде фудбалерот кој ќе ги врати трофеите на „Олд трафорд“.

– Поради тоа сум тука, не дојдов на одмор. Кога минатиот пат бев во Јунајтед, освојувавме трофеи и беше многу добро. Сега сум тука за повторно да го правиме истото. Способен сум за тоа, како и тимот. Подготвен сум за напад на нови трофеи, имаме големи шанси – изјави Роналдо за клупската телевизија.

Роналдо исто така зборуваше и за неговите години, како и дека нема дилеми дека ќе го прави тоа што од него сите го очекуваат.

– Луѓето постојано зборуваат за моите години, но мораат да знаат дека не сум како другите. Тоа постојано го докажувам, од година во година сум на врвот. Убеден сум дека и сега ќе биде исто и дека лесно ќе се вклопам во тимот со новите соиграчи – додава Роналдо.