вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Донарума се смее, Рико почнува да се лути

Донарума се смее, Рико почнува да се лути

Во денешното издание, „Л’Екип“ пишува за голманската војна во ПСЖ во пресрет пред новото коло во француското првенство.

ПСЖ има повеќе квалитетни голмани, па јасно е дека не може сите да бидат задоволни.

Досега прв избор на сите мечеви беше Кејлор Навас, но се очекува на утрешниот натпрпевар против Клермонт, Донарума да го има своето деби.

Кејлор Навас ноќеска бранеше за Костарика, па дури денеска би пристигнал во Париз и се верува дека нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар.

Тоа значи дека Џиџо Донарума за првпат ќе застане меѓу стативите на ПСЖ.

„Л’Екип“ во веста за голманите со наслов „Донарума се смее, Рико почнува да се лути“, ја истакнува и ситуацијата на шпанскиот голман, Серхио Рико.

Рико беше резерва на Навас, а сега кога прстигна Донарума, тој е трета опција па не е ни повикнуван за натпреварите.

Ситуацијата за него е неприфатлива, почнал да биде незадоволен од неговиот статус и сака да си оди од ПСЖ уште во текот на следниот преоден рок.