среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помагаат во истрагата за пожарот во Тетово, пристигнуваат деновиве

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помагаат во истрагата за пожарот во Тетово, пристигнуваат деновиве

Владата соопшти дека утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

-Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи, се наведува во владиното соопштение.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.

Тимот експерти, посочуваат од МВР, ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Најнови вести