Жером Боатенг заврши на суд поради домашно насилство и доби казна која ќе го „олесни“ за два милиони евра.
Поранешниот член на Манчестер Сити и Баерн Минхен се соочуваше со затворска казна во висина од пет години. На крај судијата го поштеди од таков срам и му изрече финансиска санкција.
33-годишникот беше прогласен за виновен за касање и удирање на својата поранешна девојка Шерин Сенлер. Инцидентот се случил за време на одмор на Карибите.
Боатенг одбиваше вина за овој немил настан, тврдејќи дека неговата девојка го нападнала, а тогаш тој ја турнал. Расправијата настанала за време на игра со карти, која на крај го расипала одморот на семејството.
Германскиот фудбалер и Шерин беа заедно десет години и имаат две деца.