Премиерлигашот и европски клупски првак му овозможи одлични услови на својот фудбалер да заштеди на време за своето враќање во Лондон.
Соединетите Американски Држави славеа убедлива победа од 1-4 кај Хондурас во мундијалските квалификации во Северна и Централна Америка, а САД со една победа и две ремија заостануваат два бода зад Мексико по трите кола во таа конкуренција.
Ѕвездата на Челси, Кристијан Пулишиќ играше се’ до 62 минута од пресметката, а по мечот сите фудбалери добија слободни да се вратат во сопствените клубови.
Челси реагираше брзо, па така испрати приватен авион за да го врати својот фудбалер назад во Лондон, а со тоа да биде на располагање на време во подготовките за мечот со Астон Вила во четвртото коло од Премиерлигата.
Acaba de llegar al aeropuerto Ramón Villeda Morales un Bombardier Global Express 5000 unicamente para llevarse a el Jugador estadounidense Cristian Pulisic rumbo a Inglaterra!!
📷: @SaucedaYordi 👏👌 pic.twitter.com/C5f1K6Zher
— Aviaciónhr_Info🌎 (@aviacionhr_info) September 9, 2021