четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ниту еден не е од Барселона: Ето ги издвои тројцата омилени играчи од Примера

Ниту еден не е од Барселона: Ето ги издвои тројцата омилени играчи од Примера

Камерунската фудбалска легенда, Самуел Ето најголем дел од својата богата и импресивна кариера ја мина во Шпанија каде играше за Барселона, Реал Мадрид, Мајорка, а имаше и епизоди во Леганес и Еспањол.

Сите тие минати години, сезони го натераа да се заљуби во шпанскиот фудбал кој и денеска со внимателност го следи, ги прави сите возбудувања, екипи, играчи, актуелности… Токму Ето доби прашање на кое даде интересен одговор, а тоа е кои се трите негови омилени играчи кои настапуваат во Примера?

Занимливо на Топ листата нема ниту еден играч на Барселона, ама затоа тука се двајца од Реал.

-Би кажал Давид Алаба, Еден Азар и Ињаки Вилијамс, -одговорил Самуел.