Откако денеска оставка си поднесоа заменик мнинистерот за здравство Илир Хасани, директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, официјално и министерот за здравсто, Венко Филипче на денешната вонредна закажана прес конференција во 19:00 часот ја извести јавноста дека си поднесува оставка.
– Секогаш пред граѓаните стоев транспарентно и не се откажав од битката да ја победиме пандемијата во текот на оваа година и пол , рече Филипче. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди , сочуствувам со семејствата на згинатите за загубата што не може да се надомести. Како лекар и министер имам интегритет и денеска поднесов писмена оставка до премиерот Заев, рече министерот Венко Филипче во обраќањето.
НО, што е со прифаќањето на оваа оставка? Тој кратко се појави кажа ПОНУДИЛ ПИСМЕНА ОСТАВКА, и тоа е тоа. Дали мисли дека ова е доволно?! Зошто не објасни ништо повеќе и избега од камерите, на пример дали оваа оставка ќе ја прифати Заев? И зошто Филипче не поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, ако толку чуствувал морална одговорност? Останува да видиме дали ова е само една мамка негова и на Заев непосредно пред локалните избори.