На 10.09.2021 во 14.30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во неговиот дом во Богданци од неговата сопруга е пронајден починат Б.С.(79) кој имал здравствени проблеми.
Лекар од итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, а по овластување на јавен обвинител издадена е наредба за обдукција.