После бразилската фудбалска легенда Пеле уште една бразилска супер – ѕвезда, некогашен фудбалер, заврши на оперативен зафат.
Во прашање е славниот Ромарио кој со својата репрезентација стана светски првак на Мундијалот во САД во 1994 година.
Врз Ромарио била направена операција на жолчката и тој се чувствувал добро во болницата “Копа Стар“ во Рио де Жанеиро.
Тој за неколку дена би требало биде на домашно лекување.