вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Николов: Чест ми е што дојдов во тим како Шериф

Николов: Чест ми е што дојдов во тим како Шериф

Од оваа лето македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов потпиша за Шериф Тирасол, кој направи изненадување со  самиот пласман оваа сезона во Лигата на шампионите.

27-годишникот се радува на предизвикот кој го носи новата средина.

„Дојдов тука и можам да кажам дека ми се допаѓа проектот во кој што ќе бидам дел во наредната сезона. Се надевам дека периодот на адаптација ќе трае кратко, а потоа ќе можам да се фокусирам да давам максимум за клубот. Ќе имам голема конкуренција, но тоа е добра работа. Најважно е сите да се здрави, па тренерот нека одлучува кој ќе игра, а кој не. Во новата сезона ќе играме во Лигата на шампионите. Тоа е чекор напред за сите нас. Мислам дека нема да разочараме. Чест ми е што дојдов во тим како Шериф Можам да потврдам дека ќе дадам максимум и се надевам на многу радосни моменти со екипата“, изјави македонскиот играч за врска.

Фудбалските почетоци на Николов беа во Брегалница, а потоа неговата кариера го однесе во Виторул, Вардар, МОЛ Фехервар, Лече, а сега и во Шериф.