недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Азилант со нож избоде 5 лица, меѓу кои и дете- италијанската полиција го уапси

Азилант со нож избоде 5 лица, меѓу кои и дете- италијанската полиција го уапси

Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако во саботата вечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини, објави денеска новинската агенција АНСА.

Истражителите засега исклучуваат терористички напад, додава АНСА.

Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“ и во соопштението наведе дека во понеделник ќе дојде во Римини на безбедносен состанок.

Италијанските медиуми јавуваат дека маж избодел две контролорки на билети во автобус, а потоа во бегство уште три лица, меѓу кои и едно дете.

Сомалиецот (26) престојувал во Италија неколку месеци и поднел барање за азил. Тој е во Европа од 2015 година и веќе аплицирал за статус на бегалец во Данска, Шведска, Германија и Холандија.