среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Еуроникел“ ќе вложува и во ФК Тиквеш, Кавадарци добива фудбалски моќник

„Еуроникел“ ќе вложува и во ФК Тиквеш, Кавадарци добива фудбалски моќник

Македонската компанија „Еуроникел Индустри“ е новиот спонзор на фудбалскиот прволигаш Тиквеш како и на ракометниот клуб Тиквеш.

Во фудбалот компанијата ќе вложува по 30 000 евра годинишно а во ракометот 15 000 евра годишно за оваа сезона.

-Фудбалскиот клуб Тиквеш има голема вредност за градот и со своите успешни настапи ја испишува фудбалската историја на градот. Со оваа соработка и потпишаниот договор, добиваме партнер кој ги поддржува вистинските вредности и ја делиме истата цел, да бидеме подобри и поуспешни во своето поле. Исклучително сме среќни што компанија како Еуроникел Индустри застанува зад нас и тоа ќе ни даде дополнителен поттик за понатамошни успеси и уште подобри резултати, истакна претседателот на ФК Тиквеш, Миле Масларков.

Ова е одлична вест за спортот во Кавадарци, каде секој викенд со нетрпение се очекува натпревар без разлика во која конкуренција е и во кој спорт.