недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Работите се менуваат за Погба и Манчестер Јунајтед

Работите се менуваат за Погба и Манчестер Јунајтед

Пол Погба очигледно ќе остане во редовите на Манчестер Јунајтед.

Во изминатиот период медиумите го преселија Французинот во Реал Мадрид и ПСЖ, а се споменуваше и враќање во Јувентус.

Сепак, Атлетик известува дека ништо од ова нема да се случи.

Се наведува дека Погба е најблиску до останување, и дека ќе го продолжи договорот, со покачување што ќе го направи најплатениот играч во тимот.

Тој би заработувал неверојатни 470.000 евра неделно. Погба запиша седум асистенции во првите четири, а навивачите се задоволни од неговите игри.

Тој имаше многу проблеми со повредите минатата сезона, но сега има високи амбиции со Роналдо и другите соиграчи.