вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драма на грчки остров, исчезна мал авион

Драма на грчки остров, исчезна мал авион

Мал авион од типот Цесна 172 вечерва исчезна во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, а според првичните информации од Грција полетал од Израел и над островот му се губи трагата, а во тек е операција за пронаоѓање, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за приватен израелски авион со четири седишта, а засега е непознат бројот на патниците што се превезувале, ниту пак дали Самос била нивната крајна дестинација.

Според локалните медиуми од островот, како и според грчката државна телевизија ЕРТ, авионот паднал во морето, а веќе биле пронајдени две безживотни тела, иако се уште нема официјална потврда. (МИА)