среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски за Филипче: За да се донесе одлука како оставка, треба пред сè да се има морал, затоа и се вика поднесување на морална одговорност

Героски за Филипче: За да се донесе одлука како оставка, треба пред сè да се има морал, затоа и се вика поднесување на морална одговорност

„За да се донесе таква одлука како оставка, треба пред сè да се има морал, затоа и се вика поднесување на морална одговорност за објективната состојба во секторот во кој што владеете, со кој што раководите. Не помага тука никакви истраги, дополнителни, освен можеби и истрага дали некој човек можеби има морал, а со таква истрага не се занимаваат обвинителите. Воопшто значи очекував искрено барем овој момент, барем министерот Филипче да го направи она што требаше да го направи тоа уште првата вечер. Но ете не се случи“, истакна новинарот Бранко Героски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Героски додаде дека време во пандемија да си министер е тешко, но тоа не е оправдување бидејќи Филипче имаше лоша стратегија за справување со КОВИД. Филипче уште на самиот почеток лошо ги постави фигурите во шахот.

„Одговорноста за ова што се случи во Тетово е негова. Епицентри на ширење на пандемијата во Македонија во овој момент и во изминативе месец – два беа Скопје и Тетово, особено Тетово. Ситуацијата во Тетово беше трагична. Денеска самата градоначалничка се пожали дека имало проблем со безбедност, поради кои кадрите од болницата се жалеле, а тоа значи објективно дека во болницата, особено во мобилната болница во оваа модуларната, реално владеел некаков хаос. Е, сега кого да обвините за таа работа? Не може да ги обвините обезбедувањето кое го немало нели, ниту не може да се обвинат медицинските сестри кои ги вршат своите должности, па дури ни директорите кои во моментов мораа да се снаоѓаат како знаат и умеат да носат кислород. Ситуацијата требало да ја изменаџира сепак главниот човек во државата, моажм да замислам дека вечерта кога се случи трагедијата, која сите премиерот, министерот за одбрана, министерот за внатрешни, сите беа они на тие паради, претпоставувам дека Филипче на дневна основа имал контакт со директорот на болницата или со некој друг од болницата кој ќе му каже како сте, што сте, што правите, што се случува, како, бидејќи не може да го има истиот контакт со Пехчево бидејќи нема ниту еден заболен, каде што можеби нема ниту модуларна болница. Но, Тетово да не го имате во фокусот, тоа е неверотакно“, рече Героски.

Героски посочи дека ако не можел Филипче да изменаџира на дневна основа, да обезбеди ред, да обезбеди услови за безбедно лекување на пациентите тогаш најмалку што можел да направи е да си поднесе оставка и пред да се случи трагедијата во Тетово.

„Видете што се случува имало повеќе инциденти во таа болница, не еден. Имаше проблем со каблите, со кислородот, со тоа што луѓето самите се снаоѓале, сами се лекувале, викале роднини. Значи таму владее хаос“, појасни Героски.

Најнови вести